Српската авио-компанија „Air Serbia“ денес ги евакуираше граѓаните на Македонија од Израел.
Во авионот на „Air Serbia“ има вкупно 133 патници, од кои повеќето се државјани на Македонија, а има и државјани на Србија и Црна Гора, кои прво ќе слетаат во Скопје, а потоа патувањето ќе го продолжат кон Белград.
„Го добивме и последниот патник во авионот. Ви посакувам се најдобро и ве поздравувам од името на амбасадите на Србија и Македонија, конзулатот на Црна Гора и амбасадата на Албанија, од моите драги колеги кои организираа се. Прво летаме за Скопје, па за Белград. Внимавајте и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро“, им порачал Душан Вујовиќ на патниците, вршител на должност во Амбасадата на Србија во Израел.
Говорот на Душан Вујовиќ пред патниците во авионот можете да го погледнете ОВДЕ.
Полетувањето на авионот од Тел Авив патниците го дочекале со извикување: „Да живее Србија“.
Трошоците за летот се на товар на Владата на Македонија, која вчера објави соопштение со оваа информација.