Маж од Канада ги фатил мистериозните блескави топчиња над реката Винипег!
Џастин Стивенсон и неговата сопруга Даниел Даниелс-Стивенсон се возеле низ Форт Александар кога забележале неколку мистериозни топчиња со жолти светла како лебдат над реката. Стивенсон (49) веднаш почнал да снима.
– Што е тоа по ѓаволите?“ Мислам дека гледаме вонземјани – се слуша на видеото.
На видеото се гледаат два објекти со сончеви светла како летаат над брегот на реката пред да се појават уште два од зад облаците.
Стивенсон е убеден дека летечките објекти не се од планетата Земја.
– Имав чувство дека сме во научно-фантастичен филм. Светлата изгледаа како оган на небото. „Бев скептичен, но сега верувам дека има нешто друго освен луѓето“, рече Стивенсон.
Даниелс-Стивенсон (32) објави видео од блиската средба, која е прегледана повеќе од 650.000 пати. Таа изјавила дека мистериозните светла траеле околу половина час.
Многу корисници веруваат дека на снимката јасно се гледа НЛО, додека други тврдат дека се гледаат хеликоптери или беспилотни летала заматени од облаци.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА