Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во средата кажа дека секој што мисли дека претседателските избори во 2020 година биле фер е „многу глупав“, повторувајќи го своето тврдење дека последната трка за Белата куќа била наместена и покрај тоа што не обезбедил докази за да го поткрепи тоа.
„Кога ќе погледнете што се случи за време на тие избори, освен ако не сте многу глупави, знаете што се случи“, изјавил Доналд Трамп на настан во градското собрание во Вашингтон, објави CNN.
Доналд Трамп ги бранеше мажите и жените кои присуствуваа на „митингот“ непосредно пред нападот на американскиот Капитол на 6. јануари 2021 година, велејќи дека имаат „љубов во нивните срца“.
Зборувајќи за оние кои се гонети и сега се во затвор, поранешниот претседател кажа дека е „наклонет да помилува многу од нив“ доколку победи на изборите во 2024 година. Тој го нарече и полицаецот кој пукаше во еден од демонстрантите кон Капитол – „силеџија“.
Нападот на Капитол во 2021 година принуди евакуација на Конгресот и привремено го стопираше сертифицирањето на изборите во 2020 година.
Откако ја напушти функцијата, Доналд Трамп беше категоричен дека изборите во 2020 година биле наместени, и покрај десетиците судски случаи кои ги отфрлија сите тврдења за фалсификувани избори.
Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Вилијам Бар, минатата година изјави дека Министерството за правда на САД не нашло докази за измама.
„Повеќето луѓе разбираат што се случи, тоа беа наместени избори“, изјавил Доналд Трамп на CNN и додал: „И штета е што моравме да поминеме низ тоа“, заклучи тој.