Британскиот новинар Том Бауер објави книга наречена „Куќата на Бекам“ во која презентира низа интригантни детали за еден од најпознатите брачни парови.
Отсекогаш се пишувало за наводните афери на Дејвид Бекам, кои Викторија му ги простила, а овој автор ги опишува Викторија и Дејвид како двојка обединета со горчлива амбиција.
Неколку пати Бекамови беа на работ на развод, а особено ги потресе аферата од 2004 година кога Дејвид наводно бил со неговата асистентка Ребека Луис, која еднаш го нашла во кревет со шпанската манекенка и актерка Естер Канадас.
Како што пишува Бауер, Дејвид бил на забава со својот тогашен соиграч Кристијано Роналдо, кога му заѕвонил телефонот, тоа била Викторија. Ребека тропнала на вратата и го затекнала со шпанска манекенка.
„Го погледнав, многу повредена, мислев дека сум единствената“, рече таа.
И тоа не се единствените афери на славниот фудбалер. Манекенката Селин Лори рече дека спиела со Бекам во Данска во 2002 година, пишува Бауер. Даниел Хит, која поседува салон за убавина, тврдела дека имала афера со Дејвид во домот на Бекамови во Мадрид, што тој секогаш го негирал.
Во книгата се наведува и дека во 2017 година славната Британка имала врска со манекенката Лејди Мари Картерис додека се гледале во таен клуб.
„Тој го привлече вниманието и на гламурозна австралиска манекенка во бикини“, пишува Бауер. Потоа сè запре бидејќи Викторија итно долета од Њујорк.