Сојузниците на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, планираат да водат тајни преговори со членовите на Републиканската Партија на САД за да спречат доделување нова помош за Украина, пишува угледниот The Guardian, повикувајќи се на неименувани извори.
Сојузниците на Виктор Орбан ќе се сретнат во Вашингтон со републиканците зад затворени врати со цел да се стави крај на доделувањето на американската воена поддршка за Украина – се наведува во текстот од британскиот весник.
Некои републикански членови на Конгресот се поканети да учествуваат во разговорите зад затворени врати, тврдат извори за The Guardian.
„Виктор Орбан е убеден дека помошта за Украина нема да помине во Конгресот и се обидува да ја блокира помошта од ЕУ“, изјавил за весникот дипломатски извор близок до унгарската амбасада.
Поради неизвесноста по ова прашање, со посебно обраќање излезе претседателот на САД, Џо Бајден. Тој го повика Конгресот итно да го одобри барањето за финансирање на Киев. Според претседателот, републиканците „и пукаат на Украина во колено“, поврзувајќи ја распределбата на нови средства со реализацијата на нивните бескомпромисни барања за реформи на границите и миграцијата.
Есента Џо Бајден побара од Конгресот околу 106 милијарди долари за помош на Украина и Израел, како и за акции во азиско-пацифичкиот регион, но не доби поддршка во Конгресот.