„Контраофанзива би била крвопролевањe за Украина, бидејќи напаѓачката страна секогаш трпи големи загуби, затоа мора да се спречи пред да започне“, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
„Јас самиот, како човек кој служев војска година и пол, дознав дека напаѓачите имаат три пати повеќе загуби од бранителите. Русија има околу 140 милиони луѓе, во Украина не знам колку, веројатно некаде помеѓу 30 и 40 милиони – во такви околности, започнувањето на голема офанзива е крвопролевање“, тврди Виктор Орбан за едно национално радио.
„Затоа, верувам дека мора да се направи се за да се убедат страните во потребата од прекин на огнот и мировни преговори уште пред почетокот на украинската контраофанзива, во спротивно ќе изгубиме многу човечки животи“, нагласува тој.
Од почетокот на конфликтот, Унгарија постојано се спротивставува на санкциите за руските енергетски ресурси и снабдувањето со оружје за Украина. Во март 2022 година, унгарскиот парламент донесе декрет со кој се забранува испорака на оружје за Украина од територијата на земјата.
Раководството на земјата постојано нагласи дека Унгарија е посветена на предвремен почеток на мировните преговори.
„Унгарија под актуелната влада никогаш нема да војува против Русија, ниту ќе дозволи да биде вовлечена во украинскиот конфликт“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
За време на гостувањето во радио станицата тој ја коментираше неодамнешната изјава на градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњ, кој кажа дека – „Унгарија веќе е во војна со Русија“.
„Ако некој кажува такви работи и не мрда, тој човек едноставно не е во здрав ум“, тврди Виктор Орбан.
Според него, „ниту еден здрав човек, кој слушнал за Втората светска војна, не може да си дозволи такви изјави.
„Се додека оваа влада е на власт, Унгарија нема да војува против Русија“, нагласил Виктор Орбан.