Ривалството меѓу Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ трае речиси 20 години. Нивните меѓусебни обвинувања неколку пати завршуваа на суд, а сега се отиде чекор понатаму.
На Инстаграм се појави многу интересна фотографија која за рекордно време стана вирална.
Имено, на сликата е вилата на Дедиње во која живее Светлана Цеца Ражнатовиќ со семејството.
Во долниот дел на величествената зграда се залепени плакати за последниот албум на Јелена Карлеуша.
Сцената ги шокираше сите, но многумина се прашуваат дали се работи за фотомонтажа, со оглед на тоа што постерите се матни, а времето кое јасно се гледа на фотографијата не е погодно за лето.
За потсетување, албумот Алфа ќе излезе на 13 август. Тоа ќе биде првиот албум на поп дивата по 10 години.