Вимблдон ги зголеми наградите за учесниците, еве колку ќе заработи Ѓоковиќ сега ако го освои купот

Организаторите на Вимблдон објавија дека вкупниот награден фонд на престижниот турнир во 2025 година ќе изнесува рекордни 72,59 милиони долари – што е дури двојно повеќе од пред десет години!

Зголемување од 7 проценти во однос на минатата година значи поголеми чекови за сите учесници. Шампионите во машка и женска конкуренција ќе добијат по 4,07 милиони долари, што е зголемување од 11,1 процент во однос на 2024 година. Дури и оние што ќе испаднат во првата рунда нема да бидат со кратки ракави – тие ќе заработат речиси 90.000 долари, што е за 10 проценти повеќе од минатата година.

– Овогодинешната распределба на наградите ја покажува нашата посветеност да ги наградуваме оние што одат далеку, но и да ги поддржуваме играчите од пониските редови, кои се мачат во раните фази од турнирот – изјави претседателката на клубот, Дебора Леванс.

Вимблдон започнува на 30 јуни, а завршува на 13 јули.

Уште една голема промена е најавена за овогодинешниот турнир – линиските судии ќе бидат заменети со електронска технологија, што ќе биде првпат ова да се случи на еден од четирите Гренд слем турнири.

Финалните натпревари се поместени два часа подоцна во споредба со претходно – женското финале е закажано за 12 јули во 17:00 часот по наше време, додека машкото финале ќе се игра еден ден подоцна, на 13 јули, во исто време.