Винисиус се ситеше на црвен картон, противнички играч му рече: Затоа целиот свет те мрази (видео)

Бразилскиот офанзивен играч Винисиус Жуниор (25) влезе во игра на натпреварот помеѓу Хетафе и Реал (0:1) во 55-тата минута, а според шпанските медиуми, тензиите на овој натпревар настанале токму поради него.

Килијан Мбапе го постигна единствениот гол во 80-тата минута против домаќините кои имаа исклучени двајца играчи – Алан Њом во 77-мата минута и Алекс Санкрис седум минути подоцна.

Винисиус уживаше откако Санкрис беше исклучен и повтори „Многу сум добар“, а неговиот ривал Хуан Иглесијас му се приближи и му рече „затоа целиот свет те мрази“ и додаде: „Учи од своите соиграчи“.

Иглесијас алудираше на фактот дека Милитао и Мбапе се обиделе да го смират Винисиус.

Патем, комуникацијата ја откриле читачи на усни ангажирани од телевизијата „Мовистар“.

Винисиус не се судри само со Иглесијас, туку имаше и вербална конфронтација со тренерот на Хетафе, Хозе Бордалас, кој го откри тоа по натпреварот.

„Откако Ниом доби црвен картон веднаш по влегувањето во игра, Винисиус ми пријде и ми рече дека сум направил добар потег со замената. Не треба да го правиш тоа, не треба да ме провоцираш“, рече Бордалас.