Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар фудбалер на Светското клупско првенство.
Бразилецот постигна три гола на турнирот, еден во мечот со Ал-Ахли (4:1) во полуфиналето, два во финалето против Ал-Хилал (5:3). Исто така имаше и една асистенција.
За настапот на турнирот во Мароко, Винисиус ја доби Златната топка.
Сребрената топка му припадна на играчот од средниот ред Федерико Валверде од Мадрид, а бронзената топка му припадна на напаѓачот на Ал Хилал, Лучијано Вието