– Фудбалерот на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор ќе претседава со специјалната комисија за антирасизам на ФИФА составена од играчи.
Членовите на Комитетот ќе предложат построги казни за дискриминаторско однесување во фудбалот, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
-Веќе нема да има фудбал со манифестации на расизам. Натпреварите мора веднаш да се прекинат кога тоа ќе се случи. Го замолив Винисиус да води група играчи кои ќе предложат построги казни за расизам. Подоцна ќе бидат претставени од сите фудбалски авторитети ширум светот. Треба да ги слушнеме играчите и да знаеме што им треба за да работат во побезбедна средина. Ние го сфаќаме ова многу сериозно, изјави Инфантино.
Првиот човек на ФИФА најави и воведување многу строги казни.
-Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на проблемот со расизмот во фудбалот. Не можеме повеќе да толерираме расизам. Како претседател на ФИФА, чувствувам дека е неопходно лично да разговарам со Винисиус за ова, додаде Инфантино.
Винисиус сезоната 2022/23 беше еден од најнавредуваните фудбалери на расна основа.