ВИРУСОТ КОВИД-19 СЕ ВРАЌА !? Сите аларми се вклучени во оваа земја во Европа – маските повторно задолжителни !?

Носењето маски од утре ќе биде задолжително во болниците и здравствените домови во Шпанија, поради зголемувањето на бројот на заболени од респираторни инфекции, соопшти Министерството за здравство на Шпанија.

Новата левичарска коалициска Влада ја наметнува мерката, и покрај противењето на повеќето од 17-те автономни шпански региони, објави AP News.

Министерката за здравство на Шпанија, Моника Гарсија, синоќа изјави дека ова е основна и едноставна мерка.

Министерството за здравство на Шпанија одлучи да ја воведе мерката откако не постигна договор со регионалните здравствени власти, од кои многумина тврдеа дека употребата на маски треба да се препорачува, но не и да биде задолжителна.

Шест шпански региони веќе ја воведоа мерката, а маските вообичаено се користат на улиците и во јавниот превоз, како и во здравствените центри во последните месеци.

Шпанските болници беа под огромен притисок во последните недели, по наглото зголемување на бројот на случаи на грип, луѓе со вирусот Ковид-19 и други респираторни заболувања.

Шпанија минатиот јули прогласи формален крај на здравствената криза предизвикана од пандемијата и оттогаш не е задолжително носење маски во здравствените домови и аптеките. 

Повеќе од 14 милиони случаи на вирусот Ковид-19 и околу 120.000 смртни случаи од инфекција се регистрирани во Шпанија.

Ковид-19Шпанија