Вирусот на мајмуни сипаници прв пат е откриен во 1958 година, кога се случиле две епидемии на болест слична на сипаници во колонии на мајмуни чувани за истражување. И покрај тоа што првично бил наречен „мајмунски сипаници“, изворот на болеста останува непознат. Научниците се сомневаат дека африканските глодари и нечовечките примати (како мајмуните) може да го зачуваат вирусот и да заразат луѓе.
Првиот човечки случај на mpox е забележан во 1970 година, во денешна Демократска Република Конго, но пред две години, односно во 2022 година, mpox се прошири низ целиот свет. Пред тоа, случаите на mpox на други места беа ретки и обично беа поврзани со патување или со животни кои се увезуваа од региони каде што mpox е ендемичен.
Сега, откако вирусот пристигна во Европа, СЗО прогласи највисоко ниво на тревога.
-Светската здравствена организација само поради тој, засега единствен случај на заразен со вирусот на мпокс прогласи на глобална вонредна состојба на јавното здравје, токму поради фактот што имаме случај регистриран на подрачје кое не е ендемско. Мпокс сипаниците се карактеристични за централноафриканските земји, па токму и инфицираниот се заразил за време на престој во африканска област, каде во моментов има голема епидемија и се пријавени повеќе од 14.000 сомнителни и околу 500 смртни случаи. За разлика од 2022 година кога циркулираше Клеид I, сега веќе циркулира типот Клеид II кој полесно се пренесува од човек на човек и стапката на смртност е 4 проценти. Во Конго, најголемиот број на смртни случаи се деца. Комисијата за заразни болести цени дека засега нема потреба од носење посебни мерки во однос на мајмунските сипаници, но секако внимателно ја следиме ситуацијата, вели д-р Злате Мехмедовиќ.
Постојат два вида на вирусот M-pox: Clade I и Clade II.
Клед I предизвикува потешки болести и смртни случаи. Некои епидемии убиле до 10% од луѓето кои се разболуваат, иако поновите епидемии имаат помала стапка на смртност. Клеид I е ендемичен за Централна Африка.
Клед II е типот што ја предизвика глобалната епидемија што започна во 2022 година. Инфекциите од Клеид II mpox се помалку тешки. Повеќе од 99,9% од луѓето преживуваат. Клед II е ендемичен за Западна Африка.
Инаку, иако не постои специфична терапија за овие сипаници, научниците во Русија веќе работат на создавање на вакцина и претклиничките тестови може да траат 6-7 месеци.
Предвидено е да се вакцинира и контактите на заболениот од мајмунска сипаница, како и на лицата за кои постои сомневање за можна инфекција.
Болеста се пренесува преку близок контакт, вклучително и преку сексуален контакт, но и преку контаминирани предмети. Примарно се мисли на постелнината, крпи, облека… Во оваа епидемија има и инфекција кај здравствените работници и членовите на семејствата кои се грижат за болните.