ВИСОК КОМАНДАНТ НА ХАМАС ФАТЕН ВО ИЗРАЕЛ – Се криел две недели по нападот и сакал да се врати во Појасот Газа

Израелските сили заробија припадник на единицата командоси на Хамас кој се обидувал да се врати во Појасот Газа 15 дена откако ненадејните напади од Појасот Газа во јужен Израел предизвикаа нова војна.

Израелските медиуми денес јавуваат дека тој бил фатен во саботата и дека по невидениот напад на 7. октомври се уште се наоѓаат екстремисти од таа исламистичка организација.

Во меѓувреме, Израел најави дека ќе ги зголеми воздушните напади врз Појасот Газа за да обезбеди побезбеден влез на копнените сили во претстојната копнена офанзива.

Во изминатите денови цел на нападите беа високи згради кои наводно ги користел Хамас како снајперски позиции.

Војната, која трае веќе 16 дена, е најсмртоносната од петте војни во Појасот Газа за двете страни.

Најмалку 4.385 луѓе, главно цивили, загинаа во Појасот Газа, а повеќе од 1.400, исто така главно цивили, во Израел.

Покрај тоа, 212 заложници заробени во Израел и однесени во Појасот Газа и сè уште се во рацете на Хамас.

војнаИзраелПалестинаПојас ГазаХамас