Висок офицер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека Хамас ја изгубил контролата врз речиси 80 проценти од Појасот Газа, а други помали вооружени групи го искористуваат вакуумот.
Офицерот, потполковник, бил повреден на почетокот на војната и оттогаш не е на должност. Офицерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека системот за команда и контрола на Хамас е на „нула“ поради месеците израелски напади врз неговото раководство. Информацијата не е потврдена од независни извори.
Според израелските медиуми, Израел се обидува да го ослаби Хамас преку промовирање на други помали вооружени групи во Појасот Газа, кои наводно сега контролираат големи делови од територијата.
Средба на Трамп и Нетанјаху
Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се стави крај на војната во Појасот Газа.
Средбата доаѓа откако Трамп во неделата изрази надеж дека оваа недела ќе биде постигнат договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Сепак, Нетанјаху пред да замине за Вашингтон изјави дека нема да се согласи на никаков договор што би му дозволил на Хамас да остане на власт во Појасот Газа.