ВИСТИНСКИ МАСАКАР – Застрелал тројца мажи, а потоа и сам си пресудил, причината е неверојатна: Сето ова поради – гулаби ?!

Маж во Португалија, наводно, пукал и убил други тројца, а потоа и самиот се застрелал. Сè се случило по расправија поврзана со одгледувањето на гулаби, пишува BBC.

Престрелката се случила во градот Сетубал, на околу 50 километри јужно од португалскиот главен град Лисабон.

Локалните медиуми јавуваат дека расправијата избила поради гулаби односно поради луѓе кои имале нелегална градина со зеленчук.

CNN објави дека 66-годишниот осомничен се самоубил кога пристигнала полицијата. Полицаецот во СетубалАндреја Гончалвес, го опишал ова како „изолирана ситуација“ поради претходно нерешениот проблем меѓу мажите.

Извор од правосудната полиција за порталот Публико кажал дека недоразбирањето се однесувало на одгледувањето гулаби.

Идентитетот на осомничениот и на жртвите се уште не е соопштен, но познато е дека човекот кој пукал наводно живеел во штала во Сетубал.

Португалија вообичаено има рестриктивни закони за оружје, но огненото оружје е легално за лов, пишува BBC.

Португалијаубиство