Често гледаме вистинска фудбалска мајсторија во најсилните лиги во светот, но често се случува фудбалер од клуб од „пониска класа“ да направи магија која го воодушевува целиот свет.
Таква ситуација сега ни доаѓа од Костарика, а вистинската магија со топката ја направи Карлос Ривера, фудбалер на фудбалскиот клуб Сантос.
Неговиот тим во викендот го победи тимот на Алахуаленс со резлутат од 2:0, а за голот на Карлос долго ќе се зборува.
Карлос ја прими топката во аголот на теренот, крај корнер знаменцето, потоа убаво се позиционираше и шутираше од позиција од која ретко кој би се осмелил да го испроба неговиот удар. Тој се обиде, и успеа, а неговата мајсторија погледнете ја во видеото: