Платото пред капелата на белградските гробишта Лешче со поглед на реките Сава и Дунав беше претесно за да ги прими сите што дојдоа да му оддадат почит на трагично убиениот училишен чувар Драган Влаховиќ. Колони ученици со рози и свеќи, заедно со родителите, го испратија нивниот омичен лик од училиштето Драган.
Многу момчиња и девојчиња не можеа да ги сопрат солзите и беа неутешни.
„Сите пријатели плачат брат. На сите ќе ни треба најмалку еден месец да се опоравиме. Треба да ни дадат шанса да ги подобриме оценките и да не пуштат, па кој ќе ги гледа тие дупки од куршуми на ѕидовите“, кажало едно малдо момче на друг ученик за време на погребот, пишуваат српските медиуми.
Пред да биде погребан Драган во земјата, членовите на неговото семејство одржаа краток говор пред пријателите, роднините и присутните.
„Тој беше еден од најмладите членови на семејството Влаховиќ, секогаш вреден, насмеан и подготвен за шега. Несебично и големо срце. Посебно се врзуваше за децата бидејќи немаше свои. Некои сегашни средношколци рекоа дека чичко Драган ги видел насмеани од прво до осмо одделение. Тој покажа голема храброст раширувајќи ги рацете, мислејќи дека ќе успее да го запре масакарот и да ги заштити најмалите“.
„Ние немаме право да го осудуваме нашиот Господ, тој ни даде живот, има право да го земе, но не требаше да биде вака. Очекувавме се, не ова. Ти благодарам Боже за се, но требаше некако да го спречиш ова. Ваквиот одговор на децата говори за големината на Драган, ни ги исполнува срцата. Ти благодарам што ни го разубави детството и животот, со нетрпение ја очекувавме секоја средба со тебе повторно. Вујко, ти ми беше мојот трет родител. Не можев ни да замислам дека ќе дојде овој ден, дека ќе дојдам јас, а ти нема да бидеш во дворот. Ти благодарам за се што ме научи за животот. Јас и ти знаеме низ што минавме. Сите те сакаме многу, повторно ќе се сретнеме. Србија е обвиена во црно, сите те жалиме. Каде и да се појавиш, сонце грееше“, рекол во солзи неговиот внук за време на погребот.
Српските медиуми пишуваат дека особено емотивен бил моментот кога било прочитано писмото од девојката Луна: „Ги гледам твоите фотографии и се сеќавам на насмевката што никогаш не ја симна од твоето лице. Чувствувам дека си среќен. И си заминал на време затоа што ова веќе не е место за добри луѓе. Училиштето никогаш нема да биде исто без тебе. Сега го имам само сеќавањето и нашата фотографија што ја направивме“.