Русин преживеа пад од 19-ти кат од зграда откако паднал на паркиран автомобил.
На видео-снимката објавено на социјалните мрежи се гледа како спасувачите во градот Воронеж и помагаат на жртвата, која очигледно била пијана. Некои извештаи на тамошните медиуми тврдат дека мажот можеби и намерно скокнал.
Руските медиуми јавија дека мажот имал 41 година. Според очевидци, тој бил забележан и виден како вика од балконот на станот од 19-ти кат, пред да падне на паркираниот автомобил марка Nissan X-Trail, пишува Russia Today (RT).
ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ!
Се уште не се знае дали бил жртвата била станар на станбениот комплекс каде се случил инцидентот.
На видео-снимката се гледа како маж оди до амбулантно возило со помош на медицински лица. Според извори од итната помош, тој во тешка состојба е пренесен во болница со повреди на главата и кичмата.
Некои извештаи тврдат дека тој продолжил да вика и пее и по патот до болница.