Витамините Д3 и К2 ја спречуваат остеопорозата: Зошто е важно да ги земате заедно

Како што се приближуваме до менопаузата, ризикот од остеопороза драстично се зголемува. За жал, огромен број жени се соочуваат со губење на коскената маса и последователни фрактури на коските. Но, имаме добри вести. Целиот овој процес на слабеење на коските може да се спречи со правилна исхрана, редовна физичка активност, усвојување на здрави животни навики – и правилна суплементација.

А кога станува збор за додатоците во исхраната, за превенција од остеопороза , витамините Д3 и К2 се покажаа како најдобри, кога се земаат заедно. А зошто е тоа така, ќе дознаете во продолжение.

Како Д3 и К2 ја спречуваат остеопорозата

Витаминот Д и витаминот К се две хранливи материи кои му се потребни на телото за правилно функционирање. И двете се наоѓаат природно во храната и се достапни и како додатоци. Витамините Д и К може да се земаат како индивидуални суплементи или преку мултивитамини кои ги содржат обете. Витамините Д3 и К2 обично се наоѓаат во овие комбинирани производи.

Иако витаминот Д3 има многу потенцијални здравствени придобивки, најпозната е превенцијата и лекувањето на остеопорозата, болест која предизвикува слабеење на коските, а со тоа и чести фрактури. Витаминот К2 е најпознат по својата улога во згрутчувањето на крвта. Сепак, тоа е исто така многу важно во процесот на зачувување на густината на коските.

Земањето на витамин Д3 и К2 заедно е многу поефикасно во превенција или третман отколку кога овие витамини се земаат одделно. Ефектите на витаминот Д3 и калциумот врз целокупното здравје на коските и спречувањето на остеопорозата се одамна потврдени: калциумот е тој што им дава цврстина на коските и ги прави отпорни на фрактури, а витаминот Д3 овозможува апсорпција на калциумот од цревата и негово искористување. Долго време се мислеше дека тоа е доволно за правилно градење на коските, но последните истражувања го кажуваат токму спротивното.

По влегувањето во крвта, калциумот стигнува до коските, но за да се вгради во коските, потребен е витамин К2. Во отсуство на витамин К2, калциумот не се инкорпорира во коските, без разлика колку внесуваме. Наместо тоа, калциумот оди во меките ткива како што се зглобовите, бубрезите, градите, крвните садови итн. Како резултат на тоа, имаме порозни коски подложни на фрактури и наслаги на калциум кои ја нарушуваат функцијата на зглобовите и другите ткива.  Земањето витамин К2 заедно со витамин Д3 може да ги намали таквите ризици.

Исто така, важно е кој производ го земате

На пазарот има безброј различни суплементи и многу е важно да го изберете оној кој ќе ви користи најмногу. И тоа е она што е K2D3 Viva за здрави зглобови. K2D3 Viva претставува оптимална комбинација на хранливи материи за правилна минерализација на коските и зачувување на интегритетот на коскениот систем, што истовремено ги штити зглобовите од штетните ефекти на калциумот.

K2D3 Viva ја зголемува ресорпцијата на калциумот од храната и овозможува негово правилно искористување. На овој начин, K2D3 Viva овозможува повеќе калциум да им биде достапен на коските, го зголемува вградувањето на калциум во коските и спречува долгорочно опасно калцифицирање на зглобовите и разни органи.