Витлеем се наоѓа во близина на Ерусалим, на окупираниот палестински Западен Брег
Во Витлеем, кој според традицијата се смета за место на раѓање на Исус, годинава за прв пат нема да има елка, туку Божиќ ќе се слави скромно во сенка на војната во Газа.
Првпат, според жителите, Божиќ ќе се слави без елка на плоштадот Рождество Христово.
Црковните поглавари се состануваат во Витлеем на почетокот на декември пред да го прослават Божиќ, но оваа година улиците и плоштадите во градот беа главно празни, за разлика од претходните години кога беа присутни голем број туристи и верници.
Ваков Витлеем никогаш не сме го виделе, дури и за време на пандемијата на корона. Градот е празен, тажен – изјави за Ројтерс Ибрахим Фалтас.
Палестинските власти во Газа објавија дека од 7 октомври досега во Појасот Газа се убиени 15.000 Палестинци.
Витлеем се наоѓа во близина на Ерусалим, на окупираниот палестински Западен Брег.