Во Хрватска изби голем скандал откако во јавноста беше објавено видео на кое вицепремиерот Јосип Дабро пука со пиштол во близина на населено место.
Како што објави ,,Јутарњи лист” Дабро, министерот за земјоделство истрелува девет истрели низ отворен прозорец додека се вози во личен автомобил, додека во позадина се слуша народна музика.
Видеото е инкриминирачко, а хрватските новинари бараа одговор за што точно се работи и кога е направено од самиот Јосип Дабро. Коментар беше побаран и од Владата на премиерот Андреј Пленковиќ
На видеото се гледа јасно расположениот Дабро, лежерно облечен во кратки панталони и маичка со кратки ракави, па се претпоставува дека е создадена во летото минатата година.
Позадина за пукање низ прозорец е песната „Каранфилот готов за пат“ на Зехра Бајрактаревиќ…