Лорен Шоерс, мажот кој се преполовил откако врз него паднал виљушкар, е подготвен да добие нов екстремитет кој ќе му овозможи да живее понормален живот.
Кога во 2019 година врз него падна огромна машина од височина од 15 метри, Лорен ги загуби двете нозе и половина од десната рака.
По неговото чудесно закрепнување, тој продолжил да ги воодушевува луѓето со својата издржливост да не дозволи повредите да му го попречат животот.
По потекло од Грејт Фолс, Монтана, Лорен и неговата сопруга Сабија Рајче сега го прикажуваат својот секојдневен живот на социјалните мрежи.
Тие организираа и директен пренос на кој фановите можеа да им поставуваат прашања.
Лорен потврди дека „бионичката рака се случува“, односно дека е во фаза на реализација.
Во февруари 2021 година, парот започна кампања за собирање средства за Лорен да може да го добие овој протетски екстремитет, кој би можел да му го врати целосното чувство за допир и целосното движење на врвовите на прстите.
Лорен изјави дека благодарение на тој екстремитет ќе добие нов живот по несреќата.
Неговата сопруга Сабија рече:
– Сè уште се во период на бета тестирање, што значи дека вештачкиот екстремитет се уште не е подготвен да и биде претставен на јавноста. Но, можеме да одиме во Калифорнија каде што е направен, па Лорен може да тестира што прават тие за себе.
Сопругата на Лорен, Сабија одговори на прашањето како се грижи за себе.
– Одам на терапија, читам многу книги и гледам многу телевизија – рече таа.
– Време е за себе. Одам на терапија на секои две недели и кога другата негувателка на Лорен е тука, имам време за мојата работа и имам време за себе – додаде Сабија.
Лорен претходно се отвори за својот сексуален живот и објасни дека недостатокот на гениталии му го отстранил „проблематичното“ залутано око.
– Не се обидувам никого да импресионирам. Не ни помислував на тоа, но да, сега е сосема ослободувачко што немам сексуални мисли за девојка или желба да ја импресионирам таа девојка како порано, јас сум само јас, јас сум во мојата зона. Тоа ми помага да избегнам проблеми – рекол тој, пренесува Daily Star.