Никогаш не би помислиле дека овие намирници се лоши за вашите заби.
Иако многу луѓе ги наведуваат слатките, кафето и пурите како најштетни за вашите заби, истражувањата покажуваат дека одредени здрави намирници можат да ја уништат и вашата беспрекорна насмевка.
Иако овие здрави намирници можат да помогнат при многу здравствени проблеми, од друга страна, тие не се многу здрави за вашите заби.
Црн чај
Црвеното вино, чајот и кафето можат да остават црни дамки, но црниот чај остава најмногу црни дамки на забите.
Цитрусно овошје
Сокот од лимон предизвикува голема штета на вашите заби, заедно со сокот од грејпфрут и портокал, затоа задолжително исплакнете ја устата по консумирањето.
Билен чај
Чајот има само здравствени придобивки, но премногу чај може да ги оштети вашите заби. Црниот чај и билниот чај предизвикуваат ерозија. Сепак, нема потреба да се откажувате од чајот. Само консултирајте се со вашиот стоматолог доколку сте загрижени.
Суво овошје
Сувото овошје е двојна стоматолошка катастрофа поради високата концентрација на шеќер и лепливоста. Избегнувајте да го јадете како ужина, а најдобро е да го измешате во салати.
А златното правило за вашите заби е дефинитивно да консумирате свежо овошје.