Ви откриваме што јаде Лепа Брена: Пејачката во седмата деценија изгледа неверојатно, а една храна целосно елиминирала

Лепа Брена изгледа одлично и во седмата деценија, а познато е дека пејачката одлично се грижи за својот изглед, и внимава на исхраната, а неодамна откри и како изгледа нејзиното мени.

Метаболизмот се забавува со возраста, па затоа е потребно многу повеќе труд за да изгледате добро. Тоа го потврдува и Лепа Брена, која е искрена кога вели дека многу вложува во својот изглед.

 – Доколку не вежбате, не се грижите за исхраната, алкохолот и навиките за животниот стил, вашето тело ќе ви даде резултати кои нема да ви се допаднат. Колку се грижиш, тоа е за твое донро. Лесно е да се биде здрав, убав и убав на 25 години, но кога имаш повеќе од четириесет, тогаш тоа е вистинска спортска дисциплина – изјави неодамна пејачката која има посебно мени.

Ден 1

Појадок: кајгана со пиперки и печурки;

Ручек: чинија со зеленчук, 200 гр месо на скара, салата од свеж зеленчук по избор;

Вечера: салата од туна со сусам.

Ден 2

Појадок: салата и 2 варени јајца;

Ручек: чинија со зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по желба;

Вечера: салата.

Ден 3

Појадок: омлет со брокула и сирење;

Ручек: чинија со зеленчук, 150 гр стек на скара, салата од свеж зеленчук;

Вечера: Медитеранска салата од туна.

Ден 4

Појадок: омлет и салата;

Ручек: чинија супа, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук;

Вечера: Цезар салата.

Ден 5

Појадок: мафини со пиперки, печурки и јајца;

Ручек: чинија со зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: витаминска салата со коцки месо.

Ова го повторувала постојано!