Состојки:
– Кори за пита 500 гр;
-3 кг јаболка;
-200 грама ореви;
-2 јајца;
-1 шолја масло;
-1 чаша јогурт;
-1 шолја шеќер во прав;
-1 чаша гранулиран шеќер.
Подготовка: Оревите исецкајте ги, а јаболката изрендајте ги и попржете ги со шеќер и цимет.
Изматете ги јајцата, павлаката и шеќерот. Потоа наредете ја питата така што ќе ја ставите првата кора, па врз неа филот со јајца и крем, па втората, третата, четвртата, петтата, шестата и седмата кора. На седмата кора ставете го целиот фил од јаболка и цимет, а потоа повторно наредете ги седумте кори кои ги прекривате со филот со јајцата и кремот.
Печете ја питата околу 45 минути на 200 Целзиусови степени.