Вкусни и брзи мафини од мандарина

Овие мафини се лесни за подготовка и им е потребно кратко време за печење, па наскоро би можеле да станат ваш омилен десерт во моментите кога сакате да јадете нешто слатко, а немате многу време.

Состојки:

1 чаша сончогледово масло (250 ml),

2 чаши шеќер,

3 мандарини со средна големина, излупени и исечени на четвртини,

1 лажица екстракт од ванила,

3 јајца,

3 чаши брашно,

прстофат сол,

чоколаден прелив

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180ºC. Во поголем сад измешајте ги маслото и шеќерот една минута. Потоа додадете ги мандарините и мешајте додека не добиете изедначена смеса без никакви парчиња овошје. Додадете јајца и екстракт од ванила. Продолжете со мешање уште две минути. Со помош на шпатула измешајте го брашното и малку сол. Добро измешајте ги сите состојки. Со лажица изгребете ја смесата и наполнете ги калапите за мафини, но не целосно до врвот. Печете ги 18-20 минути или додека не поруменат. Оставете ги целосно да се изладат пред да ги послужите, а потоа прелијте ги со чоколаден прелив по желба.