Владата: Во буџетот се предвидени 250 евра за електронска опрема за студенти, компјутери за средношколците и финансиска поддршка до 30 илјади евра за младите

Фокусот на оваа влада е да обезбеди добри услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите, се вели во пресот на Владата на РСМ.

„За оваа цел, во Буџетот за 2025 година средства за купони од 250 евра за набавка на електронски уреди, телефони, компјутери или таблети за сите ученици, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за младите до 29 за започнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизниси за млади.

Студентски ваучер од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.

Во меѓувреме, финансиска поддршка до 30.000 евра за младите да започнат бизнис значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги претворат во бизнис планови“, се наведува во соопштението.

Преку поддршка, нагласуваат од таму, различни мерки и проекти, работиме младите и студентите да ја градат иднината овде во својата земја.