Владата на Република Македонија на денешната 182 седница го прифати текстот на Договор помеѓу Македонија и Португалската Република за соработка во одбраната, соопштија од владината прес-служба.
Целта на овој договор, според предлагачот, Министерството за одбрана е воспоставување рамка за одбранбена соработка помеѓу страните на договорот, во согласност со меѓународното право, националното право на страните потписнички, како и сите договори што страните ги имаат склучено.
– Со овој договор, се утврдува и развива одбранбена соработка на билатерално ниво и во рамките на Северноатлантскиот договор, што овозможува континуитет и интензивирање на соработката во рамките на партнерството со Португалската Република, како на билатерален план, така и во НАТО и ЕУ контекст. Блиската воена соработка се очекува да придонесе кон зајакнување на колективни и индивидуални способности, безбедноста и интегритетот на териториите на страните и меѓународниот мир и стабилност, појаснуваат од Владата.