Трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехрамбени производи од денеска имаат забрана да нудат акциска продажба и промотивна продажба при нивно ставање во промет, со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Како што информираат од Влада, целта е заштита на граѓаните од манипулации со цените.
-Владата на Република Северна Македонија, на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да (акција) и (промоција), со исклучок на Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки, информираат од Влада.
Соопштуваат дека со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, но дека исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.
-Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година, се наведува во соопштението