Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, соопштува дека Владата одлучила да издвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на катна подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Проектот предвидува изградба на 371 паркинг место, распоредени на две подземни нивоа на површина од повеќе од 13 илјади квадратни метри.
Оваа одлука беше официјализирана на денешната редовна седница на Владата.
Според Меџит, изградбата на ваков проект е особено важна за Старата скопска чаршија и општина Чаири. При крај е добивањето на градежната дозвола од Министерството за транспорт и градежните активности треба да започнат на почетокот на следната година.