– Привремената воена влада на Мали денеска го отфрли извештајот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации за наводната егзекуција на најмалку 500 лица од страна на војници од Мали и неидентификувани странски борци во текот на минатата година.
Владејачката хунта одговори на извештајот објавен во петокот по повеќемесечна истрага за она што групите за човекови права го опишаа како „најлошото злосторство“ во десетгодишниот конфликт меѓу исламистичките групи и војската.
– Преодната влада силно го осудува овој пристрасен извештај кој се заснова на фиктивен наратив и не ги исполнува воспоставените меѓународни стандарди, рече владиниот портпарол Абдулаје Мајга.