Премиерот Христијан Мицкоски на 19 септември ќе отпатува за Брисел каде ќе го претстави владиниот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на земјава.
Мицкоскит на денешната прес-конференција рече дека сега е период во кој ништо не може да се случи во преговорите со Бугарија, со оглед на актуелните политички околности во соседната земја. Премиерот очекува по формирањето на владата во Бугарија да се промени состојбата во односите меѓу двете земји, но вели и дека Брисел мора да покаже политичка волја за решавање на предизвиците поврзани со земјава.
„Сега е период кога тоа апсолутно не може да се случи во тој процес, бидејќи како што знаете, имаме период кога во Бугарија ќе се одржат предвремени парламентарни избори, седми по ред во последните три години. Да почекаме таму да се формира политичка Влада, да видиме дали има желба за дијалог. Подготвени сме да разговараме, сакаме да разговараме и тоа им го пренесуваме на нашите соговорници, кои доаѓаат од Брисел. Што се однесува до нашите предлози, тие се добро познати во јавноста, многупати досега коментирани“. изјави премиерот Христијан Мицкоски.
И покрај тоа што по изборите со Бугарија, новата Влада на Македонија очекува повторно да преговара за договорот за отворање на поглавјата за членство, официјални лица од Софија јасно ставија до знаење дека нема повторно да преговараат за веќе преземените обврски од Скопје.
Во меѓувреме, пред посетата на премиерот на Брисел, на 13 септември, беше најавено дека државниот претседател Гордана Силјановска – Давкова ќе се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев. На оваа средба не беше најавено дека ќе се разговара за суштински прашања, туку повеќе ќе биде насочена кон релаксирање на атмосферата во односите меѓу двете земји.