Предлогот на фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање предизвика големи реакции во јавноста.
Владата соопшти дека нема да го прифати предлогот за зголемување на старосната граница и ќе бара друг начин за пополнување на дупката во фондот за пензиско осигурување.
„Во овој момент она што го направивме е усогласување на пензиите од 5.000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој работиме. Остануваме посветени на состојбите во пензискиот фонд и сите ситуации ќе ги разгледуваме како да имаме одржлив систем. Во овој момент не размислуваме што е предложено од Фискалниот совет“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.
На предлогот за пензионирање на 67 години, претходно реагираше и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од таму порачаа дека треба да се направи стратегија младите да се задржат во државата и да им се понуди квалитетна работа како единствен начин да се наполни касата на пензискиот и инвалиден фонд.