– Швајцарската Влада (Федералниот совет) денеска официјално го одобри обновувањето на преговорите на земјата со Европската комисија за склучување на рамковен договор со кој се дефинираат односите меѓу Швајцарија и ЕУ.
„Разговорите содржани во одобрениот мандат имаат за цел да ги стабилизираат и развиваат билатералните односи на Швајцарија со Европската унија“, се вели во соопштението на Владата.
Во декември минатата година, Швајцарија објави дека неограничениот пристап до европскиот пазар е главната точка на планот за преговори, кој ќе има задача да ги осовременат договорите со единствениот пазар на ЕУ и да водат до секторски договори, вклучително и за дистрибуција на електрична енергија и безбедност на храна.
Во 2021 година, Швајцарија и Европската комисија во заедничка декларација соопштија дека ќе ги обноват преговорите за склучување рамковен договор. На 15 декември, швајцарската Влада одобри нацрт-преговарачки мандат што требаше да биде договорен со парламентот и кантоните.