Државата нема да ги плаќа придонесите за минимална плата од 500 евра. По барањето на ССМ и работодавачите, придонесите за разликата од 24.400 до 30.000 денари да ги плаќа владата, министерката за финансии со став – промени во даночната политика нема да има. Во вчерашното гостување на Сител, Кочоска вели дека платите треба да растат согласно продуктивноста, ако работодавачите можат да исплаќаат повисока сума од законската, како влада ќе ја поддржат одлуката, но субвенционирањето придонеси една година, не е во нивната агенда.
„На изборите пред нецела година настапивме со изборна програма во која ги кажавме нашите ставови во однос на даночните стапки и придонеси и по тоа прашање нема да има промена.Како ќе се договорат меѓусебе работниците и работодавачите во рамки на Економско социјалниот совет, каде има претставници и од едните и од другите, ние како држава ќе го прифатиме тоа што ќе се договорат. Платата треба да биде заснована на продуктивност и доколку одговара тој износ што го договараат ние апсолутно ќе го поздравиме тоа. Односно, доколку смета едната страна дека може да испорача продуктивност на она што ќе го договорат како минимална плата и другата страна дека ќе може да го исплати согласно законските обврски кои никогаш не сме рекле дека ќе ги менуваме, тоа ќе го поздравиме и ќе продолжиме да го почитуваме, рече министерката за финансии Кочоска
Од Синдикатот и денеска велат – нема да отстапиме од барањето за поголем скок на платата од закоснките 1.800 денари. Аргументот е зашто треба да се биде повисок минималецот, утре ќе ги испорачаат до владата.
За спас на стандардот на граѓаните, од опозициската СДСМ бараат владата да прифати минимална плата од 500 евра.
Последна шанса да покаже минимум почит кон граѓаните е Владата итно да интервенира со платите. СДСМ бара и поддржува покачување на минималната плата на 500 евра бидејќи ова ќе поттикне раст на сите плати. Ако минималната плата не се зголеми на 500 евра, тоа ќе значи дополнително влошување на животот за илјадници семејства, кои веќе едвај врзуваат крај со крај. Покачување на платите е единствениот начин да се спречи понатамошното осиромашување на граѓаните и да се овозможи економски напредок. Без оваа мерка, стотици илјади работници ќе продолжат да работат за плата што не е доволна ниту за покривање на основните трошоци., изјави Каја Шукова, СДСМ
Да не беше криминалот на СДС и ДУИ, може и ќе имаше за поголеми лати, воздратија од ВМРО ДПМНЕ. Буџетот е стабилизиран, прво беа покачени пензиите, а сега ќе растат и платите. Со стабилизирање и раст на економијата, дополнително ќе растат и платите во целост, наведуваат од владејачката партија. Инаку минимална или близу до минималната плата во моментов земаат околу 35 илјади вработени. Разликата во придонеси од 24,400 до 30 илјади е по 3,000 денари за вработен, пари од кои ССМ и газдите бараат да се откаже државата.
Износот на минималецот ќе се догавара на социо економскиот совет, некаде средината на март, а ќе се исплаќа во април.