Владата утврди дека Државната лотарија, кршејќи го законот, доделила лиценци на компании кои се занимаваат со организација на коцкарници

Владата на Македонија утврди дека Државната лотарија, кршејќи го законот, доделила лиценци на компании кои се занимаваат со организација на коцкарници.

За постапувањето на оваа институција ќе бидат известени органите на прогонот.

Во меѓувреме, Министерството за финансии пред извршниот орган ја оправда одлуката за преземање на лиценцата од компанијата „Арена гејминг“ со основ на незаконски дејствија и затајување на законски обврзаниот данок.

Секторот за финансии сè уште нема донесено автентично мислење за член 7 од Законот за коцкање преку кој се бара откривање и одземање лиценци за некои акционерски друштва кои организираат онлајн коцкање и казина.