“ВЛАДИМИР, ГО НЕМАМ ПРОМЕНЕТО ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ“ – Емануел Макрон одговори на повиците од Владимир Путин дека ја прекинале комуникацијата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека е подготвен да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, со напомена дека „не го променил телефонскиот број“.

Ако Владимир Путин сака дијалог и има предлози за постигнување долгорочен мир во Украина, јас сум подготвен да се погрижам да разговарам со него. Не сум го сменил телефонскиот број“, изјави Емануел Макрон по Самитот на Европската унија во Брисел, одговарајќи на прашањето дали одржува дијалог со претседателот на Русија.

Владимир Путин претходно изјави дека Русија е подготвена за понатамошна соработка со Франција, како и дека има добри работни односи со Емануел Макрон, но дека францускиот претседател ги прекинал и повеќе не комуницираат.

Владимир ПутинЕмануел МакронполитикаРусијаФранција