ВЛАДИМИР ПУТИН ВО НЕНАДЕЈНА ПОСЕТА НА “АХИЛОВАТА ПЕТА НА НАТО“ – Претседателот на Русија пристигна во Калининград: “Ова не е порака“

Руската медиумска агенција РИА Новости јавува дека претседателот на Русија, Владимир Путин, пристигнал во Калининград.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека посетата нема за цел да испрати порака до НАТО.

Сепак, Кремљ соопшти дека „милитаристичките изјави на балтичките земји“ покажуваат дека постои ризик за Калининград.

Руската медиумска агенција ТАСС пренесува дека распоредот на Владимир Путин вклучува посети на тамошните студенти и средба со регионалниот гувернер.

Се известува и дека Владимир Путин официјално ќе отвори фабрика за производство на соларни батерии.

Калининград е руска ексклава на Балтичкото Море, стисната помеѓу Полска и Литванија.

Блиску до Калининград е клучниот коридор Сувалки, кој се наоѓа на границата меѓу Литванија и Полска, меѓу сојузникот на МоскваБелорусија и руската енклава, која се смета за „Ахилова пета на НАТО“.

Владимир ПутинКалининградполитикаРусија