ВЛАДИМИР ПУТИН ГРАДИ МЕГА-ПРОЕКТ НА СИБИР – Големо одморалиште кое ќе биде “копија“ на француските Алпи: Ова ќе биде новата хит дестинација за скијачите ширум светот !?

Официјална Москва гради нова хит туристичка дестинација во Сибир. Станува збор за ретко населена област, која досега најмногу се поврзуваше со теории на заговор и политички неистомисленици. Сепак, поради затворањето на добар дел од светот за туристите од Русија, Москва го развива домашниот туризам. Властите го нашле идеалното место во Камчатка, полуостров со драматични пејзажи со 29 активни вулкани, лоциран на далечниот исток на Русија, изолиран, но идеален за туризам.

Times пишува дека во Камчатка во тек е изградба на одморалиште со 2.000 соби и мапирање на 170 нови планинарски рути. Во околината се планирани голем број нови проекти, најмногу поврзани со понудата за риболов, лов и планинарење низ недопрената природа. Со цел да ја направи областа подостапна за граѓаните, руската национална авиокомпанија одреди фиксна цена за патувања до Камчатка. Повратниот лет од Москва до Петропавловск сега чини 150 евра.

Пред новата цена, еден регионален гувернер изјави дека крајниот исток на државата треба да биде достапен за обичните граѓани, а не само за оние кои и онака можат да си дозволат скијање на Алпите.

На посетителите меѓу другото им се нуди обиколка на „најголемото поле со гејзери во светот“, т.н. зимско сурфање и традиционално возење со санки со кучиња. Владата нуди парични награди за младите кои ја документираат својата посета на областа на социјалните мрежи, се со цел да се промовира областа за авантуристички, активни одмори, пишува Times. Весникот додава дека се чини дека самиот Владимир Путин го турка туристичкиот проект на Далечниот Исток и дека има личен интерес за неговиот успех. Претседателот на Русија секако е познат како љубител на активни одмори во природа. Фотографиите од неговите помлади денови, на кои е гол до потколеници јава коњ или лови мечки, го обиколија светот.

Владимир Путин јавно го промовираше домашниот туризам и пешачките рути во регионот Камчатка, а во септември 2022 година го посети регионот, поддржувајќи активни туристички проекти.

Плановите за регенерирање на областа вклучуваат изградба на интерактивен младински центар, планетариум и нов музеј посветен на историјата на регионот од Втората светска војна во главниот град на провинцијата. Од Москва доаѓаат големи средства, а Владимир Путин се надева дека ќе го постигне она што неколку негови претходници не успеаја да го постигнат, чии амбиции да го развијат изолираниот регион секој пат наидоа на ѕид.

Сепак, Владимир Путин силно се вклучи во процесот на брендирање на туризмот во Русија, а инвестирањето на државните фондови е обележано со обиди да се развијат тури кои вклучуваат постојки во неколку региони, вклучувајќи ја и источната, окупирана Украина.

Владимир ПутинзимаКамчаткаполитикаРусијаСибиртуризам