Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе отпатува во Пекинг во октомври на разговори со неговиот кинески колега Си Џинпинг, што е негово прво познато патување во странство откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.
Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија, соопшти дека обидот на Запад да ги изолира Русија и Кина треба да ја продлабочи соработката меѓу двете сили.
„Очекуваме на темелни билатерални разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг во октомври“, порача Николај Патрушев на средбата во Москва со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Владимир Путин ќе присуствува на третиот форум „Појас и Пат“, на кој Си Џинпинг го покани за време на неговата посета на Москва во март. Неколку дена пред посетата на Си Џинпинг, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Владимир Путин поради илегалната депортација на стотици деца од Украина, што официјална Москва го негира.
Кремљ соопшти дека налогот е доказ за непријателството на Запад кон Русија, која покрена кривична постапка против обвинителите и судиите на МКС кои го издадоа налогот.
Николај Патрушев, близок сојузник на Владимир Путин, кажа дека Русија сака да ги развие своите врски со Кина.