Владимир Путин на итен состанок со неговите најблиски соработници: “Државите кои и создаваат проблеми на Русија нема да успеат во своите намери!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес истакна дека земјите кои и создаваат проблеми на Русија нема да успеат во своите намери.

Денеска ќе разговараме за мерките што ги преземаме и кои мора да ги преземеме за да ги надминеме тешкотиите што некои земји и ги создаваат на Русија. Досега не успеаја да ги постигнат целите што ја засегаа Русија. Убеден сум дека нема да успеат во тоа“, вели Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност на Русија.

Како што соопшти Кремљ, на присутните прво им се обратил првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров, а на средбата присуствувале министерот за одбрана Сергеј Шојгу, претседателот на Државната Дума, Вјачеслав Володин, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев, директорот на ФСБ, Александар Бортников, директорот на странското разузнавање Сергеј Наришкин и други истакнати руски функционери.

Владимир ПутинКремљРусија