Претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговарал за ситуацијата во Русија, каде силите на приватната воена група Вагнер на Евгениј Пригожин презедоа контрола врз два града, со лидерите на поранешните советски републики.
Белоруската медиумска агенција Belta објави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко имал телефонски разговор со Владимир Путин, кој го информирал за ситуацијата во Русија.
РИА Новости пренесува дека Владимир Путин телефонски разговарал и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев и со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев.
Од кабинетот на казахстанскиот претседател соопштија дека Касим-Жомарт Токаев рекол дека актуелните настани се внатрешно прашање на Русија и порачале дека уставниот поредок и владеењето на правото се неопходен услов за одржување на редот и мирот во земјата.
Владимир Путин му се заблагодарил на Казахстан што ја разбира моменталната ситуација во Русија.