Владимир Путин нуди негови услови за продолжување на ‘играта’: “Ќе се вратиме кон Договорот за извоз на житото само кога…“

По повлекувањето од договорот за извоз на украинско жито, претседателот на Русија, Владимир Путин, не ја исклучи можноста за враќање на договорот, но само под руски услови.

Москва првично доби гаранции од Западот дека ќе бидат исполнети неколку барања“, изјави Владимир Путин претходниот ден на состанокот со руските претставници, пренесоа руските државни медиуми.

Штом се исполнат сите овие услови за кои претходно се договоривме, веднаш ќе се вратиме на договорот“, нагласил Владимир Путин.

Црноморскиот договор за жито беше склучен со посредство на Турција и Обединетите нации и требаше да го олесни рускиот и украинскиот земјоделски извоз.

илустрација

Договорот истече на 17. јули, откако Русија одби да го обнови учеството во него.

Официјална Москва се жали дека не е спроведен и паралелниот договор за олеснување на правилата на рускиот извоз на храна и ѓубрива.

Официјален Киев побара безбедносни гаранции за да се овозможи продолжување на пловидбата без руско учество во договорот.

По повлекувањето на Москва од договорот за извоз на украинско жито руското Министерство за одбрана на Русија соопшти дека од полноќ сите бродови што ќе пловат кон украинските пристаништа ќе ги третира како потенцијални превозници на воен товар, а земјите под чии знамиња тие пловат ќе ги смета за страни во конфликтот од украинска страна.

Владимир ПутинвојнаРусијаУкраинаЦрно Море