Генерал-мајор Владимир Завадски, заменик-командант на рускиот 14-ти армиски корпус на северната флота, е убиен во Украина, објави руски официјален претставник, пренесува Sky News.
Sky News наведува дека Александар Гушев, гувернерот на северозападната област Воронеж, денеска во објава на социјалната мрежа Телеграм ја објавил веста за смртта на Владимир Завадски.
Се наведува дека Александар Гушев не кажал како починал генерал-мајорот, кому рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година во Кремљ му ја додели „Златната Ѕвезда“ на херојот на Русија.
Sky News наведува дека претходно се појавиле непотврдени информации дека Владимир Завадски бил убиен од нагазна мина.
Се наведува дека централните власти во Москва официјално не ја потврдиле смртта на Владимир Завадски.