Претседателот на Русија реагираше на веста дека руската платеничка група Вагнер го освоила градот Бахмут во „најкрвавата битка“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во неделата им честиташе на платениците на Вагнер и на руската војска за, како што кажа, „ослободувањето“ на источниот украински град Бахмут, кој Русија го нарекува Артјомовск од советско време. Во изјавата објавена на веб-страницата на Кремљ, Владимир Путин вели дека битката – најдолгата и најкрвавата во 15-месечната војна – завршила со победа на Русија и дека сите оние кои се истакнале во неа на страната на Москва ќе добијат државни награди.
„Претседателот на државата им честиташе на војниците на групата Вагнер, како и на сите припадници на единиците на вооружените сили на Русија кои им ја дадоа потребната поддршка за завршувањето на операцијата за ослободување на Артјомовск (Бахмут). Ќе се доделат државни награди“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, првиот човек на групата Вагнер Евгениј Пригожин претходниот ден објави дека украинскиот град Бахмут паднал под контрола на руската Армија, објави медиумската агенција Reuters. Украинската страна набрзо демантираше, велејќи дека тоа не е вистина и дека борбите се уште траат, а сега се појави видео наводно од Бахмут, на кое се гледа Евгениј Пригожин со осум војници кои стојат зад него и ја слават победата.