Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во понеделникот изјави дека нема да има нов договор за извоз на жито од Украина, по моделот на Црноморскиот договор, од кој Русија се повлече, додека Запад не ги исполни неговите барања, пишува Sky News.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вели дека „Украина мора да ја омекне својата позиција кон Русија“ кога станува збор за договорот за жито. Реџеп Таип Ердоган порача дека верува оти може да се најде решение што ќе доведе до повторно воспоставување на Црноморскиот договор за жито.
Владимир Путин кажа дека Русија работи на создавање пакт за испраќање бесплатно жито во Африка. Тој додаде дека руските гасоводи во Турција се под постојан напад и дека коридорите за жито не треба да се користат за воени цели.