ВЛАДИМИР ПУТИН УДРИ И ПО МАКЕДОНИЈА! Претседателот на Русија потпиша указ за суспендирање на договорите со ЕУ, САД и нејзините сојузници

Pретседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за суспендирање на одредени одредби од договорите на Русија со Соединетите Американски Држави (САД), Европската унија (ЕУ) и другите според нив непријателски земји за избегнување на двојното оданочување.

Како што е наведено, документот е усвоен врз основа на потребата да се преземат итни мерки поради непријателските дејства на голем број земји кон Русија.

Валидноста на документите наведени во декретот е суспендирана додека странските земји не ги отстранат повредите на легитимните економски и други интереси на Руската Федерација, правата на нејзините граѓани и правни лица или додека наведените документи не престанат да важат.

Владимир Путин

Во исто време, на Владата на Русија и се наложува да преземе мерки за намалување на влијанието на суспензијата на споменатите даночни договори врз економијата на Руската Федерација, пренесуваат руските медиуми.

Со уредбата се суспендираат одредени одредби од договорите со Полска, Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја, Шведска, Луксембург, Романија, Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Ирска, Словачка, Албанија, Белгија, Словенија, Хрватска, Канада, Швајцарија, Црна Гора, Чешка, Данска, Италија, Финска, Германија, Франција, Кипар, Шпанија, Литванија, Исланд, Португалија, Австрија, Грција, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Малта и Јапонија, а од оваа листа е дел и нашата татковина, Македонија.

Владимир ПутинполитикаРусија