ВЛАСТА ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ НА ЛЕВИЦА ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА

На предлог-законот за зголемување на минималната плата на 500 евра поднесен од пратениците од Левица согласно барањата на синдикатите. Законот не помина, односно платите нема да се зголемат бидејќи пратениците од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не гласаа.

Пратнеикот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, образложи дека овој предлог е еден во низата предлози кои Левица ги предлага во полза на работниците и работничките права, како и што ќе продолжи:

Во услови на десничарска влада имаме рекордно ниво на борба на властите против синдикалното организирање и работничките права воопшто. Десничарската влада ќе продолжи како што таа го конципира владеењето во Република Македонија, за жал гледаме дека нема никаков прогрес, туку, напротив, регрес и дека работниците се оставени како последен приоритет за владата која има цел само да ги нахрани своите бизнис партнери и приватниот сектор

Нивната тенденција резултира со жива беда за граѓаните во Македонија. Вие нѐ имате донесено на ниво на микродржава според економските параметри. Ние сме по сите параметри на дното на живеењето, живеењето во Македонија е сѐ победно. Нашиот работник, додека вие му презентирате метрики најдобри во Европа, утре да има прилика би заминал од Македонија.“