– Украинските сили го гранатираа патниот мост Чонгар, кој го поврзува Крим со регионот Херсон и населбата Чонгар, изјави назначениот од Русија шеф на Херсонската област Владимир Салдо, цитиран од британски и руски медиуми.
Според Салдо, мостот Чонгар и населбата биле испукани со проектили „Сторм сенка“, при што биле оштетени мостот и училиште.
Шефот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов, потврди дека мостот е оштетен и појасни дека нема жртви како резултат на нападот.
Салдо и Аксјонов рекоа дека мостот е затворен поради поправки.
Владимир Салдо во „Телеграм“ објави за уште еден напад на мост. Во неговото соопштение се наведува дека е погоден мал мост кој го преминува теснецот Тонки.
-На мостот беае истрелани вкупно 12 проектили, од кои 9 беа соборени од силите за воздушна одбрана, истакна Салдо.
Според очевидци, во нападот едно лице е полесно повредено. На жртвата и била укажана помош.
-Мостот не е од големо воено значење, изјави Салдо.